„Влезот во НАТО Алијансата не беше само гаранција за мир и стабилност за Северна Македонија, туку и гарант за македонската економија, за граѓаните, за нашиот целокупен економски раст и развој. Странските директни инвестиции, во услови на криза, достигнаа рекорден историски износ од 753 милиони евра, што е највисоко ниво на странски дирекни инвестиции во земјата, и двојно повеќе споредба со 2016 година“ рече премиерот Димитар Ковачевски во неговото предавање на реномираната дипломатска акдемија Виенско училиште за меѓународни студии.
Тој додаде дека инвеститорите кои доаѓаат во земјава остануваат и ги шираат свотие бизниси, го зголемуваат бројот на вработени и креираат додадена вредност за нашата економија.
„Добрите економски политики на оваа влада носат зголемен економски стандард за нашите граѓани, стабилни и добро платени работни места и простор за зголемување на нивната конкурентност на пазарот на труд. Го поддржуваме и развојот на домашните компании, со рекордна исплата на 23 милиони евра државна поддршка, кон 410 компании“ рече Ковачевски.
Премиерот додаде дека со отпочнувањето на пристапните преговори со ЕУ, Северна Македонија сега има рекордна реализација на капитални инвестиции, со што испраќаме позитивен сигнал за целокупната деловна клима во земјата.
„Минатата година, во услови на најголема криза имаме рекордна реализација на капитални инвестиции од 465 милиони евра, што е за 60% повеќе од 2014 година. Само во последните три години, во услови на здравствена, економска и енергетска криза вредноста на капиталните инвестиции изнесува 1,1 милијарда евра. Изградени и рехабилитирани се 44 експресни, магистрални и регионални патишта Од 2017 до 2022 година се вложени 1 милијарда евра за изградба и рехабилитација на патишта“ истакна Ковачевски.


