Не дозволивме ценовен шок за граѓаните, кажа премиерот Димитар Ковачевски во гостувањето во емисијата ‘Трилинг’. Тој додаде дека од голема важност биле и антикризните пакети.
-Два пакета антикризни мерки во вредност од 860 милиони евра кои што беа наменети за најранливи категори на граѓани вклучително и субвенционирање на електрична енергија 80% од реалната цена, што значи дека граѓаните во целиот изминатиот период и она што е пред нас плаќаат пет пати помали сметки од она што ги плаќале без субвенција од државата. Второ во однос на основните прехранбени производи во комуникација со стопанските комори и со нивните сектори особено со секторот за производство на основните прехранбени производи донесовме мерка за субвенционирана цена за електрична енергија за овие компании од 80 евра за мегават час во услови кога на берзите цените на електрична енергија беа 500 евра мегават час. Тоа беше дел од еден џентелменски договор каде што Владата ја овозможи таа електрична енергија, поддржано со пари од буџетот кој што се пари на граѓаните а компаниите требаше да ги намалат цените за 10%. Дел од компаниите ги намалиле цените, дел не ги намалиле затоа следуваше следната мерка на Владата а тоа беше замрзување на цената на лебот, сега цената на лебот е 33 денари за 400 грама за бел и полубел леб. Она што следува е намалување на тестенините, на дел од млечните производи , на дел од други прехранбени производи…
Што значи дека имаме намалување на тестенините за 15 проценти, на млечните производи за 10 проценти и со тоа имаме реално намалување на цените, рече Ковачевски.
Тој се осврна и на домашното производство на електрична енергија.
– Производството во Северна Македонија на електрична енергија оваа година е зголемено за 50 проценти во однос на истите месеци од минатите години. Исто така и минатата година производството беше зголемено за 40 проценти во однос на предминатата година. Сите капацитети кои што ги поседуваме за производство на електрична енергија се во функција. Значи беа направени сите ремонти во РЕК Битола, Осломеј, ТЕЦ Неготино, како резерва беше пуштено во функција и со тоа обезбедивме електрична енергија кога сите предвидувања беа дека ќе биде, односно предвидувањата на скептиците и критичарите дека ќе биде зима кога ние ќе бидеме со рестрикции, ние немавме рестрикции, немавме покачување на цената на електрична енергија, а од 1 јануари имаме намалување за 20 проценти на цената на електрична енергија за 72.000 компании на регулираниот пазар и иста цена за ел енергија за 90 проценти од домаќинствата кои што рационално ја користат електричната енергија. Исто така во државата имаме и енергетска трансформација бидејќи секоја криза се користи и како можност за трансформација на одредени делови од индустријата. Таа трансформација е транзиција во обновливи извори на енергија и деверзификација на снабдувањето со електрична енергија и други енергенси, истакна Ковачевски.
Тој додаде дека од минатата година до 28 февруари оваа година во државата се ставени во употреба капацитети кои произведуваат електрична енергија од 182 мегават часови од обновливи извори на енергија од кои доминантно се фотоволтаици.
Тоа се инвестиции од приватни инвеститори, имаше една државна инвестиција која што е од 10 мега-вати во Осломеј. Следуваат нови инвестиции, најголемата централа онаа Деми сонце од Словенија, 17 мега-вати исто така направена тука. Голем број на мак компании инвестираа на својот простор кој што го имаат приватен кој што произведува сега ел енергија.
Практично со оваа ел енергија која што се произведува од овие 182 мегавати практично можат да се задоволат потребите на 7 града со над 67 илјади жители.


