Ковачевски: Со изградбата на затворениот пливачки базен и спортската сала „Партизан“, го враќаме спортскиот дух кај граѓаните, вложуваме во капитални проекти од животна важност

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски денеска изврши увид во отпочнување на градежни активности за изградба на затворен пливачки базен, кој се гради веднаш до салата „Наум Наумовски-Борче“ или попозната како „Партизан“ во Општина Карпош.


“По повеќе од 20 години, а јас би рекол и по повеќе од 40 години, овој објект конечно ќе ја смени својата лоша слика која ја имаше во текот на изминатите децении, а сега со наша поддршка ќе добие нов лик кој може и сами да се уверите е една модерна спортска сала која ќе обезбеди место за спортување на сите граѓани од Карпош, меѓутоа и на граѓаните од другите општини во Скопје кои гравитираат околу Карпош”, изјави премиерот.

Како што откри, се работи за комплетно затворен базен со големина 33×40 метри и длабочина до 1,4 метри. Ќе биде поврзан со топла врска со спортската сала, а инвестицијата е финансирана од Владата преку Агенцијата за млади и спорт во износ од 760 илјади евра.

Ковачевски им се заблагодарам на градоначалникот и на организацијата на Општина Карпош за завршените процедури во рекорден рок и во однос на салата меѓутоа и во однос на базенот.

“Да се заблагодарам на Агенцијата за млади и спорт која што го подготви овој цел проект и секако изведувачите кои работат на реконструкцијата и на салата и на изградбата на базенот”, рече Ковачевски.

На крајот премиерот потсети дека Салатс е донација на Франција после земјотресот во Скопје од 1963 година.

“Карпошани ќе добијат комплетно нова, реконструирана сала и комплетно нов затворен базен”, истакна Ковачевски.

Најчитани вести