Пандемијата на коронавирусот влијаеше на целиот свет, а несомнено, денешните деца ќе имаат поинакво сеќавање за нивното детство и како ја поминаа последната година.
Примерот на една ученичка и како одговорила на прашањето што ѝ било поставено го потврдува токму тоа.
На тестот имало прашање „Кој го уби Голијат?“, а последните три букви од одговорот „..вид“, биле отркиени.
Нејзиниот одговор „КОвид“ наместо „ДАвид“ насмеа многумина.