Kристијано Роналдо во карантин во Мадеира

Познатиот фудбалер Кристијано Роналдо веќе неколку дена е во родната Мадеира, но нема симптоми, иако за неговиот соиграч од тимот на Јувентус веќе е потврдено дека има зараза со коронавирус.

Роналдо ја напуштил Италија пред неколку дена, а неговата изолација сè уште не е започната. Тој и неговото семејство не покажуваат никакви симптоми – изјави Педро Рамос, член на здравствената комисија на Мадеира.

Дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани бил позитивен на тестот за коронавирус, иако италијанскиот шампион изјави дека немал никакви симптоми.

-Играчите, членовите на стручниот штаб и сите кои контактирале со него се во доброволна изолација. Роналдо е во Мадеира и ќе остане таму, соопшти клубот од Торино.

Роналдо отпатува во Мадеира пред неколку дена за да ја посети својата мајка, која се опоравува од мозочен удар.

Играчот ја посетил својата мајка бидејќи здравствената служба можела да ја гарантира неговата безбедност, но и за сите кои дошле во контакт со него – додаде Рамос.

Португалија ги прекина сите летови со Италија до 24 март поради пандемијата на коронавирусот. Властите соопштија дека вкупно 78 лица се заразени со вирусот во Португалија.

]]>

Најчитани вести