Џош и Емили Брукс купиле стара куќа во Лондон и решиле да ја реновираат, а притоа нашле на „покриено“ богатство.
Имено, под стариот тепих пронашле дабов паркет, хареклин примерок, во совршена состојба, сокриен цели 30 години! Ова откритие тие го споделија на социјалните мрежи.
@brooks_renovation This was the moment we first saw the flooring 🤩
♬ original sound – Josh
На видеото може да се види воодушевувањето додека Џош го повлекува тепихот, откривајќи дека се работи за паркет со дијамантски дезен.
Парот открил дека при посетата на куќата виделе мало ќош од паркетот, но не знаеле точно за каков паркет се работи, ниту пак во каква состојба е кога ја купиле куќата.
Тие повикале експерт.
„Дојде експерт за подови и рече дека тоа е еден од најдобриот даб што го видел и дека е во одлична состојба“, раскажа Џош и додаде дека вредноста на паркетот, со оглед на просторот што го покрива, се проценува на од 20 до 25 илјади фунти, што е приближно 23 до 29 илјади евра. Се работи за еден од најквлаитетните паркети, што најчесто го имале салите за играње.
Тој рече дека планираат да го задржат.


