Кузеска: Додека граѓаните чекаат реформи за ЕУ – Стоилковиќ во Кина промовира стратешка соработка

Додека граѓаните чекаат реформи и европска иднина, вицепремиерот Иван Стоилковиќ, најблизок соработник на Мицкоски и втор човек во државата, се обраќа на 7. состанок на локалните лидери на Кина, заедно со српската делегација.

Во земја која полноправна членка на НАТО и кандидат за членство во Европската Унија, вториот човек на владата отворено промовира стратешка соработка со Кина?

Човекот кој јавно се дружи со „Ноќните волци“ на Путин, кој слави со проруските структури во Република Српска и кој е тесно поврзан со српските безбедносни служби, сега директно заговара продлабочување на врските со Пекинг.

Ова не е „дипломатија“. Ова е јасна антиевропска и антизападна политика на криминалната група на власт.

Мицкоски, Стоилковиќ и ВМРО не сакаат во Европа.

Не сакаат реформи.

Не сакаат правда.

Сакаат изолација, зависност од автократии и продолжување на криминалот без контрола.

Граѓаните веќе јасно гледаат: владата на Мицкоски со едната рака ветува ЕУ, а со другата работи за Кина и руските интереси.

Доста е со двојната игра!

Реформи сега.

Европа сега.

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести