Регионалната музичка ѕвезда Лепа Брена го скрши зглобот среде третиот концерт во Арена Загреб во понеделникот вечерта. Без разлика, таа го завршила концертот, а потоа ја поминала ноќта на Клиниката за трауматологија на Драшковиќ.
Пејачката таму била и оперирана.
Брена ја скршила ногата среде концертот. Ана Бекута, како гостинка на концертот, штотуку го завршила својот настап и започнал нов блок песни. Брена чекала да излезе на сцената, а камерманот го снимал моментот на жената која изведува акробации на свила на сцената во склоп на концертот. Одел наназад и паднал во лифтот во кој пејачката чекала да ја крене.
Без разлика на повредата, таа без трага на болка на лицето ја отпеала песната „Пази коме завидиш“.
Организаторите наскоро ќе ги информираат обожавателите за претстојните два концерти од вкупно петте закажани.
Извор: slobodenpecat


