Иако временските услови не го покажуваат тоа сепак календарски летото се ближи, а тоа за секоја од нас значи дека треба да се подготвиме за него. Да се отворат плакарите со гардероба, полека зимската облека да се тргне настрана а да се направи место за она што ќе го носиме ова лето.
Прашање е што е модниот хит за ова лето?
Она што некако го свртува вниманието и ова лето се фустани од мек материјал и кои на задниот дел на грбот се отворени. Бојата е по ваш вкус а вие само треба да го следите овој моден погодок.





