Лиам Галагер паднал од хеликоптер, лицето на пејачот крваво и со гребнатини

Поранешниот пејач на легендарната британска рок-група „Оезис“, Лијам Галагер (48), преку својот профил на Твитер објави дека паднал од хеликоптер, а во објавата прикачи и слика на која се гледа неговото повредено лице и најмногу неговиот нос.

Toj рече дека паднал од хеликоптерот по настапот на фестивалот на островот Вајт.

https://twitter.com/liamgallagher/status/1439231622264524802

„Синоќа паднав од хеликоптер. Не може сѐ да оди мазно. Кој рече дека рокенролот е мртов? Подобар сум од Кит Мун. Вие тоа веќе го знаете“, напиша Галагер во својот твит.

https://www.youtube.com/watch?v=CPVyla5Jz9M&feature=emb_title

На прашањето на еден од неговите фанови, од која висина паднал, пејачот одговори дека паднал од висина од 100 илјади стапки (околу 30.000 метри).

]]>

Најчитани вести