Мачe на скејтборд собра повеќе од седум милиони лајкови на „ТикТок“

Сопствениците на бело маче со име Јети го оставиле нивниот скејтборд на подот. Одеднаш мачето скокнало на скејтбордот и си се возело. Неговата игра ги изненнадила и сопствениците.

-Дало тоа го направи сам? – праша сопственичката.

„Јети научи да скејтбордува пред мене“, се вели во описот на видеото.

Мачката на скејтбордот собра повеќе од седум милиони лајкови на ТикТок, а луѓето се воодушевени.

„Вежбала додека не си дома“, „Мачките ќе го заземаат светот“, „Оваа мачка е платен актер“, „Кога сфати дека си се вози, само си седна да си ужива“, „Паметна мачка“… се само некои од коментарите на корисниците на „ТикТок“.

Видеото погледнете го на следниот линк.

]]>

Најчитани вести