Мадона повторно љуби: Кој е 37 години помладиот Аким со кој пејачката ќе го прослави роденденот?

Само неколку месеци откако раскина со 35 години помлад, легендарната пејачка Мадона повторно е во врска и тоа со 28-годишниот Аким Морис.

Двојката е видена во италијанскиот град Портофино, во пресрет на нејзиниот 66-ти роденден, кој ќе го прослави во Италија, пишува „Дејли мејл“.

Иако неодамна беше откриено дека се заедно, Мадона и Аким всушност се познаваат долго време. Двајцата беа на фотосесијата за магазинот „Пејпр“ во 2022 година. Мадона и нејзиното ново момче заедно го прославија и Денот на американската независност.

Тогаш пејачката објави серија фотографии и покажа колку се блиски со Морис. На една фотографија таа го држеше Аким за рака, на друга гледаа огномет, а на трета се гушкаа на кауч.

Како што пишува „Дејли мејл“, Аким е роден на 2 мај 1996 година во Јамајка, а моментално живее во Њујорк. Тој има диплома по политички науки на Универзитетот Стони Брук. За време на неговиот престој на универзитет, Аким играл фудбал и исто така бил напаѓач за фудбалскиот клуб „Ојстер Беј Јунајтед“.

Поп-дивата раскина со 30-годишниот Џош Попер пред неколку месеци. Пред него таа беше во врска со 35 години помладиот Ахламалик Вилијамс, а порано беше во врска и лизгачот Ендрју Дарнел, кој беше 41 година помлад.

извор: slobodenpecat.mk

Најчитани вести