Мајка на убиено девојче влезе во судница со слика од ќерката додека мајката на Коста го бакнуваше нејзиниот сопруг

Семејствата на жртвите го следат судењето на родителите на Коста К., кој на 3 мај уби девет негови врсници и еден обезбедувач во ОУ „Владислав Рибникар“. Пред почетокот на судењето, насобраните родители се прегрнале и си испратиле пораки со поддршка.

Нина Кобиљски, мајка на убиената Ема, влезе во судницата со слика од нејзината ќерка. Таа во некои моменти ја галеше фотографијата и цврсто ја држеше во раце.

Во меѓувреме, судскиот совет одлучи судењето на родителите на Коста да биде затворено за јавноста до завршување на процесот, пишува српски Информер.