Малолетник тешко повреден од струен удар, се качил на вагон да се слика

Малолетник вчера се здобил со изгореници предизвикани од струен удар откако се качил на вагон за да се слика, известува СВР Скопје.

Несреќата се случила во 19:10 часот во депото на Македонски Железници поточно во близина на Блок 1. 15 годишното момче со намера неговата другарка да го фотографира се качил на вагон цистерна, по што се доближил до електричниот вод кој бил под висок напон и притоа се здобил со изгореници од струен удар. Од страна на вработени во Македонски железници повикана е брза помош од чија страна детето е пренесено во Ургентен каде му се констатирани изгореници од втор степен и е задржан на понатамошно лекување.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести