Ману Чао ги поздрави пленумците на „Д Фест“ во Дојран со „Нема правда, нема мир“

Ману Чао својот бенд вчера вечер  го затвораи овогодинешниот Д Фестивал. Тој со својот бенд вечерва собра над 10.000 луѓе во Дојран. Ја изненади публиката откако ја поздрави Македонија на македонски јазик.

„Нема правда, нема мир“ вака револуционерниот музичар и активист  ја поздрави публиката на Д Фест во Дојран.

Ману Чао ги поздрави пленумците со нивниот протестен слоган, што предизвика бура од овации кај публиката.

Ману Чао е француски пејач со шпанско потекло. Пее на француски, шпански, англиски, галициски, арапски и португалски а понекогаш и на други јазици. Чао ја започна својата музичка кариера во Париз свирејќи на улица и настапувајќи со групите Hot Pants и Los Carayos, кои комбинираа повеќе јазици и музички стилови. Во 1987 со пријателите и неговиот брат Антоан Чао го формираат бендот Mano Negra, со кој постигнува голем успех, особено во Европа. Со распаѓањето на бендот во 1995 тој станува соло изведувач, и од тогаш редовно настапува на турнеи со неговиот бенд во живо, Radio Bemba.

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести