Маричиќ: Изминатите две години се најуспешни на полето на евроинтеграциите

„Овие две години, од почетокот на 2022 година до денес, може да ги оцениме, без лажна скромност, како најуспешни на полето на евроинтеграциите. Со еден јаз од многу години од 2005 година, која беше маркатна и забележителна бидејќи тогаш го добивме кандидатскиот статус. Во 2009 година ја добивме првата препорака за почеток на преговори, а во 2022 година таа препорака конечно се имплементираше и ги почнавме преговорите“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ на конференцијата „Година на европски можности“.

Тој додаде дека државата помина и еден успешен скриниг процес од 15 месеци, кој ни даде јасна слика кои се нашите силни страни, слабости и што треба да се направи наредниот период.

„Во тој гломазен процес учествуваа речиси 1000 луѓе во нашите делегации. Околу 100 работни дена, 850 презентации и многу извештаи по тие средби“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот одаде дека со тоа е комплетирана првата фаза од преговорите, а завршени се и патоказите со што имаме јасна слика по кој пат треба да се движиме.

„Македонската европска машина е запалена. Сега од нас зависи, од оваа година на европски можности и одлуки, дали таа македонска европска машина ќе застане или ќе продолжи и ќе стигна до 2030 во ЕУ“ рече Маричиќ.

Најнови вести

Најново од Економија