– Искористувањето на ИПА финансиските средствата мора да биде за реалните потреби на граѓаните, затоа и координирано пристапуваме во планирањето и креирањето проекти кои ќе се темелат врз приоритетите на Националната стратегија, а истовремено ќе се во кохезија со европските политики, рече вицепремиерот Маричиќ.
Вицепремиерите Маричиќ и Битиќи посочија дека, без разлика на кризата што се случува насекаде низ светот, не се откажуваме од она што е приоритет за Владата, а тоа е спроведување на реформската агенда, регионалниот развој и создавање услови за нови инвестиции, со цел напредок во евроинтеграцискиот процес и постигнување на европските стандарди и вредности дома, за нашите граѓани.
Во рамки на средбата вицепремиерите ги договорија следните активности во делот на проекти од Европскиот и инвестициски план како приоритетни за финансирање преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, со фокус на зелената агенда на Република Северна Македонија, особено преку инвестициите во обновливите извори за енергија и управувањето со отпадот.
]]>


