Шефот на американското Министерство за владина ефикасност (ДОГЕ) Илон Маск денеска изјави дека делата се важни, а не зборовите, одговарајќи на изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Украина е посветена на мирот и е подготвена за преговори за мирно решение на украинскиот конфликт под водство на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Делата се бројат, а не зборовите. Ајде да видиме какви активности ќе се преземат“, напиша Маск на платформата X.
Зеленски денеска на таа платформа објави дека Украина е подготвена што поскоро да седне на преговарачка маса за да се доближи до мирот и дека тој и неговиот тим се подготвени да работат под раководство на Трамп за постигнување траен мир.


