Меган и Хари шокирани и тажни затоа што никој не им верува дека за малку ќе загинале

Меган Маркл и принцот Хари се шокирани и тажни затоа што никој не им поверувал дека папараците ги бркале два низ Њујорк минатата недела и дека за малку ќе загинале. Ваквов одговор на нивните обвинувања воопшто не очекувале.

Двојката преку својот портпарол ја информираше јавноста дека папараците два часа ги бркале низ улиците на Њујорк и дека за малку сè ќе завршило катастрофално.

Полицијата тогаш се огласи и возењето го нарече „предизвикувачко“, но изјавија дека немало инциденти, додека градоначалникот на Њујорк рече дека сè ќе се провери и дека му е многу тешко да поверува дека некој се тркал низ преполните улици на градот два часа.

Хари и Меган одговорија дека се шокирани од ваквите реакциите на нивното „страшно искуство“, ексклузивно открива извор близок до парот во новото издание на „Us Weekly“.

„Тие инсистираат дека нивната приказна за бркотницата со автомобилите апсолутно не е претерување, а тоа што луѓето го кажуваат спротивното било многу болно и несоодветно“, додава изворот.

Најчитани вести