Мел Гибсон за гувернерот на Калифорнија: Парите од данокот ги потроши на гел за коса

Куќата на холивудскиот актер Мел Гибсон изгоре до темел во пожарот во Лос Анџелес. За ова, актерот го критикуваше гувернерот Гевин Њусом.

Гибсон изјави дека му се слошило додека бил во Тексас на снимањето на „The Joe Rogan Experience“, бидејќи знаел дека областа каде што живее гори.

„Многу разорно и емотивно. Се ослободив од товарот од нештата бидејќи сè стана пепел“, рече Гибсон.

Актерот појасни дека живеел во таа куќа живеел повеќе од 15 години. Гибсон го обвини гувернерот бидејќи ветил дека ќе се грижи за шумите, но на крајот не направил ништо.

„Мислам дека сите наши даночни пари веројатно се потрошени за гелот за коса на Гевин“, рече тој.

Во пожарите досега загинаа најмалку 10 луѓе, пренесе Би-Би-Си, а неколку десетици илјади жители се евакуирани.

Најчитани вести