Милионски грабеж во куќа во тетовско Новаке

Околу 861 илјада денари штета претрпел М.О.(88) од тетовското село Новаке откако засега непознати сторители во периодот помеѓу вторникот и средата извршиле кражба на златен накит, девизи и денари во неговата куќа во селото, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.

Кражбата вчера ја пријавил синот на оштетениот А.О (62) по што полицијата извршила комплетен увид и презема активности за откривање на сторителите.

– Според информациите од пријавителот и извршениот увид крадците најпрво насилно ја отвориле металната подрумска врата, влегле внатре, но тука не зеле ништо. Потоа со дрвена скала се искачиле до прозорецот од дневната соба во приземјето на куќата во која немало никој. Насилно го отвориле и прозорецот, извршиле пребарување во внатрешноста на куќата и од под теписон одзеле 16 парчиња разновиден златен накит, како и околу 6000 евра во девизи и денари. Вкупната вредност на одземеното, според пријавителот на кражбата А.О, се проценува на 861.000 денари, изјави Јосифовски.

]]>

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести