Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш беше снимен и фотографиран како ги прекшува мерките и протоколите за заштита од коронавирусот и покрај тоа што во сите негови јавни настапи ја критикува владата за справувањето со здравствената криза.
На фотографиите и видеата кои се споделуваат на социјалните мрежи се гледак како Мицкоски присуствува на забава во црква, со жива музика, каде што никој не носи маска и не се грижи за заштита од коронавирусот.
Ова не е прв пат лидерот на опозицијата да биде сниман и фотографиран како ги прекршува ковид мерките и протоколите, но сепак и покрај тоа во неговите јавни настапи тој повторува дека е загрижен за здравствената состојба во државата.
Во период кога неговата партија бара второто полугодие за учениците да започне со онлајн настава, со цел заштита од КОВИД, Мицкоски и дел од раководоството на ВМРО-ДПМНЕ се забавуваат во црква, без одржување дистанца и почитување на мерките и протоколите.
]]>


