МКД: Убиениот во Ченто бил соперник на Џељо, имал дебело досие

МКД.МК. „Како што дознаваме неофицијално, станува збор за лице кое со години било дел од скопското подземје, а полицијата испитува дали неговото убиство е поврзано со убиството на Џељал Ајети кој во ноември минатата година исто така беше убиен во населбата Ченто, во неговата чајџилница. Изворите велат дека поврзаноста на двете убиства е многу возможна бидејќи вчера убиениот Исмаили бил член на друга соперничка група која била во конфликт со онаа на која и припаѓаше Ајети. Исмаили беше убиен вчера околу 22,30 часот на улицата Алија Авдовиќ, во близина на црквата во населбата. Бил застрелан со огнено оружје од две непознати лица додека седел во својот паркиран автомобил „мерцедес“. По убиството напаѓачите веднаш избегале од местото.И Ајети беше убиен на сличен начин, односно изрешетан до смрт со истрели од огнено оружје. Тој и претходно беше мета на неколку неуспешни обиди за атентат па оттука можно е вчерашното убиство во Ченто да е одмазда и пресметка на сопернички криминални групи“, пишува МКД. извор: МКД.МК]]>

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести