Младиот ФИДЕ мајстор Антон Златков обезбеди пласман на Шаховскиот Светски Куп

Во Катовице, Полска од 7 до 19 април се одржа Европскиот Индивидуален Шаховски Шампионат за 2026 година на кој учествуваа вкупно 501 шахист.

На шампионатот Македонија имаше четири претставници:

  • ИМ Емил Ристески (2416 рејтинг) – 152 место на почетната рејтинг листа
  • ИМ Тони Лазов (2389 рејтинг) – 183 место
  • ФМ Антон Златков (2299 рејтинг) – 254 место
  • ФМ Андреј Велјаноски (2255 рејтинг) – 287 место

Дваесетте најдобро пласирани шахисти после единаесет одиграни кола обезбедуваат директен пласман во Шаховскиот Светски Куп кој ќе се одржи во 2027 година.

Од сите наши претставници, ФИДЕ мајсторот Антон Златков постигна најголем успех со освоени 8 поени од можни 11 (7 победи, 2 нерешени, 2 порази), доволни за 19-то место, со што обезбедува директен пласман во Шаховскиот Светски Куп.

Од седумте победи, највпечатливи се победите против полскиот ВМ Гржегорж Насута (2506 рејтинг) и данскиот ВМ Мадс Андерсен (2562 рејтинг) во последните две кола.

Освен што обезбеди пласман во Шаховскиот Светски Куп, ФМ Антон Златков се стекна со еден велемајсторски и еден интермајсторски бал, освојувајќи 89 рејтинг поени со рејтинг перформанс од 2616.

Сите наши претставници завршија повисоко од почетната рејтинг листа:

  • ФМ Антон Златков – 19 место (8 поени), плус 89 рејтинг поени
  • ИМ Емил Ристески – 149 место (6,5 поени), минус 8 рејтинг поени
  • ИМ Тони Лазов – 189 место (6,5 поени), плус 2 рејтинг поени
  • ФМ Андреј Велјаноски – 189 место (6 поени), плус 41 рејтинг поен, како и 2402 рејтинг перформанс

Најчитани вести