Модниот дизајнер Рик Овенс ги испрати манекенките кои ги носеа неговите модели на Модната недела во Париз да се носат едни со други.
И тоа како! Некои од манекенките ги носеа своите колешки напред, така што нозете на едната се закачени на вратот на другата, како “човечко ланче”, а другите се закачени назад, како “човечки ранец”.
На некои на образот буквално им беше залепен задникот на колешката која ја носат, а во секој случај, веруваме дека ни на едните ни на другите не им било лесно…
Дизајнерот Рик Овенс кој сака да воведува новини на модната писта, вели дека неговата колекција ја слави женската сила, обрнува внимание на товарот кој го носат жените, но и на тоа како се поддржуваат една со друга.









