Ручавме во викендицата кога Деки се врати од работа околу четири и пол и работеше вообичаени работи – изјави Светлана Драгијевиќ.
Дејан Драгијевиќ, осомничен за убиството на Данка Илиќ (2) во Бор, е обвинет дека со автомобил го удрил девојчето а потоа ја задавил заедно со колегата Срѓан Јанковиќ од ЈКП Водовод. Дејан со денови до неговото апсење се однесувал како тој да не го извршил грозоморното злосторство. Неговата мајка и покрај неговото признание дека сето тоа го направил, не верува дека е вистина.
Таа на тимот на Република.рс го покажала местото каде на денот на убиството нејзиниот син ручал со семејството во село Злот.
– Ништо не беше поразлично од другите денови. Ручавме во викендицата кога Деки се врати од работа околу четири и пол и потоа се зафати со вообичаените работи – изјави Светлана Драгијевиќ.
Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, Радослав Раде Драгијевиќ, додека братот на Дејан Далибор почина во притвор во полициска станица. Двајцата се идентификувани дека помагале во криење на телото на малата Данка, кое до ден денес не е пронајдено.


