Министерството за внатрешни работи соопшти дека
во текот на вчерашниот ден (07.09.2021) е спроведена зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. Во оваа контрола на полицијата санкционирани се 335 возачи кои возеле над дозволеното.
„Од нив, 32 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 175 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 160 надвор од населено место“, се наведува во соопштението на МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, порачува МВР.
]]>


