Таа денес може да држи предавање за вината на Планчиќ, а тоа и го прави. Се запишала и на онлајн студии за маркетинг, социјални медиуми и односи со јавноста на Универзитетот во Љубљана. Онлајн – затоа што нема време да седи во студентска клупа и да ја учи теоријата која ја практикува во секојдевната работа во лозарството и винарството. Магдалена веќе оди на лозјата и во винарската визба сама, таа ја претставува куќата во која пораснала. Цела година, во нејзиниот опис на работа е и контактирање со еминентни хрватски хотели и ресторани заради пласманот на виното. Еден по ден ги среќава и им објаснува зошто вината на „Брача Планчиќ” треба да ги додадат во нивните вински карти. – Никој досега не ме одбил. Иако се шокирани кога гледаат млада 19-годишна жена на бизнис-средба со нив. Уште повеќе се изненадени од фактот колку јас знам. Ги разбирам, нивниот скептицизам е на почетокот, потоа сфаќаат дека семејството има подмладок што ќе ја продолжи работата. Јас се заљубив во енологијата. Е сега, дали е тоа поради тоа што цело време брцкав со прстето во чашите со вино и ги шмукав, или пак заради целата ситуација, не знам. Но знам дека ќе продолжам со работа, вели таа. Магдалена станува во осум. Потоа ги чита пораките од деловните партнери, па добива задачи од татко ѝ. Подготвува нарачки, студии, кампањи.. го рекламира својот бизнис на социјалните мрежи… Со нејзините идеи целиот маркетинг е промет. Одлучиле виното „Браче Планчиќ” да не се продава во продавници, туку само во хотели, ресторани и кафулиња. Втората одлука била да се оди со ограничено производство, од само 75.000 шишиња годишно, и секое шише има ознака од местото каде е произведено, тежината, годината и редниот број. – Анализата покажа дека забраната нè врати четири години назад. Сега го убалажуваме тоја број. Но, за да се израмниме со пазарот, треба да работиме многу повеќе. Мојата помлада сестра е генијалец и студира кулинарство. Веднаш ѝ дадов задача да направи десерт за секое од нашите вина. Ѝ ги кажав и карактеристикитеЧ нашето „Агер ресерва“ е познато бело вино, „Опол“ е традиционално хварско, кое не е лесно како „малиот плавец“, но во семе има „жица“ на малиот плавец. И кога надвор има 35 степени, тоа добро се вклопува со некое посилно јадење, гулаш, стек… Трето на нашата листа е нашиот „Фарос Гранд Гру“, виното во кое уживаше и Путин и кралицата Елизабета. Тоа е вино кое е наш преставник и се дава како подарок на високи државни службеници и познати личности, вели Магдалена. Каде Магдалена се гледа во иднина? Каде ќе биде кога ќе ги реализира палновите? Да, постојат планови. Да ги заврши студиите, да стане сомелиер, иако овој дел од образованието веќе започна, со сестра ѝ да отворат мал ресторан што ќе ги поврзе кулинарството и енологијата. Можеби некогаш и студии за дефектологија или логопедија. И, секако, да продолжи со семејната традиција на производство на вино. -Кога на било кој саем здогледам жени – производители на вино веднаш одам на нивната маса. Ги прашувам за искуствата, разговараме. Малку жени има во овој бизнис. Но, една работа ме прави многу горда, кога татко ми за мене и сестра ми ќе рече дека сме подобри од синови, е тоа е комплимент, вели Магдалена. Маглдалена не излегува многу често бидејќи има премногу обврска. Има момче кое исто така е посветено на неговата кариера. Сакам да се дружи со постари генерации, а животот ја научил да размислува сериозно и да ја планира иднината. -Ова не е животот каков што живеат моите врсници, но ја уживам во него. Некои луѓе очигледно се различни, тие го наоѓаат својот животен пат порано. Во светот на виното нема многу жени, а и да има бавно излегуваат на виделина, па тука би сакала да оставам својот печат, открива Магдалена.]]>


