На 16. декември Ѓоковиќ бил позитивен на Ковид 19 и промовирал поштенска марка, следниот ден делел пехари на млади тенисери

Откако адвокатите на Новак Ѓоковиќ ги доставиле документите со кои тврдат дека српскиот тенисер на 16 декември бил позитивен на Ковид-19, врз основа на што добил медицинско ослободување за „Австралија Опен“, се појавија нови информации кои го доведуваат во прашање целиот случај.

Според соопштението на Тенискиот сојуз на Белград, следниот ден, на 17 декември, Ѓоковиќ без маска присуствувал на свеченост што се одржала во Белград во чест на младите српски играчи.

Во соопштението објавено на 17 декември, Тенискиот сојуз на Белград на својата Фејсбук страница објави дека „најдобриот тенисер на планетата“ и „носител на 20 Грен слем титули“ им ги доделил пехарите и дипломите на младите тенисери во Белград.

„На церемонијата на врачување на наградите што се одржа во тенискиот центар во Белград, присуствуваа само наградените деца поради здравствените протоколи поврзани со пандемијата на коронавирус“, се наведува во соопштението.

Во прилог на соопштението објавени се и неколку фотографии на кои Ѓоковиќ позира со дваесетина тинејџери и членови на федерацијата, а никој од нив не носи заштитна маска.

„Претседателот на белградскиот тениски сојуз, Милан Славковиќ, му врачи на Ѓоковиќ признание за сето она што досега го постигнал во тенисот и спортот воопшто, за сите успеси и добронамерост што секојдневно ги шири низ светот“ се вели во објавата.

Еден ден претходно, кога тестот на Ѓоковиќ бил направен и добил позитивен резултат, тој присуствувал на уште еден јавен настан – промоција на поштенска марка со неговиот лик.
Настанот се случил се во српски „Пошти“ во Белград каде било претставено уникатно издание на комеморативни поштенски марки со наслов „Тенис: Новак Ѓоковиќ, првиот светски рекет“. Фотографија од настанот тенисерот објавил и на неговиот профил на Инстаграм.

Српскиот тенисер во средината на неделата отпатува за Австралија, откако доби медицинско ослободување од вакцинација за учество на „Австралија опен“, но по пристигнувањето во земјава му беше укината визата.

Оттогаш тој е во Прифатен центар во Мелбурн и чека одлука на неговата жалба. Австралиските власти најавија дека одлуката ќе биде позната во понеделник наутро.

]]>

Најчитани вести