На една плажа во соседството чудна поделба на туристите: Kучињата можат секаде, децата не

Фотографијата oд една плажа во соседството предизвика многубројни коментари на социјалните мрежи, а многумина овде видоа дискриминација. Се работи за плажата во Шкорпиловци на бугарското крајбрежје на Црното Море, а според фотографијата, има две зони, едната е за луѓе со деца, а другата е само за возрасни.

Како што вели менаџерот, поставувањето на овој знак на платениот дел од плажата е за удобност на туристите.

„Ова го направивме за туристите кои сакаат да се одморат без да слушаат детски џагор“, изјавил Милен Димитров за локалните медиуми.

„Кога сме со детето одиме во делот за деца. Таму стекнува нови пријатели, се забавува. Не им пречи на другите луѓе доаѓаат овде да се одмораат. Кога сме без детето, одам во зоната без деца – таму само се одмараме“, вели туристот Калчо Роев, кому му се допаѓа оваа идеја.

Од компанијата која управува со плажата велат дека сето ова е само совет, не е правило дека мора да се следат знаците.

„Не станува збор за забрана, туку за препорака, никому на нути еден начин не му е ограничен пристапот до плажа“, додава Димитров.

Но, има и такви на кои не им се допаѓа оваа идеја и поделбата.

Тие лути коментираат дека на децата им се забранува пристапот до плажа, додека кучињата можат секаде.

Најчитани вести