На Eвропското првенство се рушат рекорди, соборен и негативниот

Досега се одиграни 44 натпревари на Европското фудбалско првенство. До крајот има уште седум натпревари, а многу од досегашните рекорди веќе се соборени, вклучувајќи го и негативниот. Имено, на ова Европско првенство се дадени ист број на автоголови, 9, како на сите сите претходни Европски шампионати заедно.

Некои од тие автоголови беа навистина трагикомични, како оној на словачкиот голман Мартин Дубравка кога се обиде со одбојкарски потег да ја исфрли топката преку стативата и си ја фрли во сопствената мрежа. Или оној на Педри кога му ја врати топката на својот голман додека играа против Хрватска.

Интересен факт е дека рекордот на автоголови се сруши во последните две натпреварувања. На Светското првенство во Русија 2018 година, фудбалерите ја погодиле своја мрежа дури 12 пати.

Автоголови до 2020 година

Антон Ондрус (Чехословачка) – 1976 година

Љубослав Пенев (Бугарија) – 1996 година

Дејан Говедарица (Југославија) ​​- 2000 година

Игор Тудор (Хрватска) – 2004 година

Жорж Андраде (Португалија) – 2004 година

Глен Џонсон (Англија) – 2012 година

Сиаран Кларк (Ирска) – 2016 година

Биркир Севарсон (Исланд) – 2016 година

Герет Меколи (С. Ирска). 2016 година

Автоголови на Евро 2020

Мерих Демирал (Турција)

Војчех Шчесни (Полска)

Матс Хумелс (Германија)

Рубен Дијаз (Дијас, Португалија)

Рафаел Гереро (Португалија)

Лукас Храдецки (Финска)

Мартин Дубравка (Словачка)

Јурај Кучка (Словачка)

Педри (Шпанија)

]]>

Најчитани вести