На враќање од одмор во Италија, сопствениците на ловечкиот териер Пабло, застанале да направат пауза во францускиот регион Савој, објави радио станицата „Франс Блу“.
Двегодишното куче излегло од камперот за да прошета малку и не се вратило.
Неговите сопственици залудно чекале и го барале со часови. Следниот ден, тие го пријавиле исчезнувањето на Пабло, а потоа го продолжиле својот пат и заминале во посета на пријатели.
По неколку дена, тие добиле фотографија од кучето од познаници кои се грижеа за нивната куќа во близина на Ним, на југот на Франција.
-Го препознав Пабло и не можев да поверувам, тоа беше вистинска среќа – изјавила неговата сопственика Кетрин за локалната радио станица.
„Кучето навистина било Пабло – ослабнато, но многу живо. Одлучивме веднаш да се вратиме дома“, изјавил сопственикот Роџер.
Тие одлучија да купат ГПС јака за да не го загубат повторно.
]]>


