Наследникот на српскиот фолк пејач Радиша Трајковиќ – Џани, Марко и неговата избраничка Миња имале 500 гости на прославата, а секој гостин како доаѓал поклонот им го давал во плик. Двојката се венча вчера во црквата Свети Сава, а потоа веселбата продолжи во луксузен белградски ресторан.
Колку пари носат неговите колеги на свадби, открива пејач кој инсистира на анонимност.
– Се зависи, додека некои се со одврзани раце, некои се скржави. Обично кога некој мој колега ќе не покани на свадба во пликот никогаш не ставаме помалку од 200 евра. Секако дека кога станува збор за некој кој ни е поблизок во пликот ќе се најдат од 500 до 1.000 евра.Мислам дека Марко и Миња на свадбата зедоа околу 150.000 евра. Нормално е дека свадбената веселба ја платија Џани и Слаѓа па парите ќе одат сите кај младите.
Џани и Слаѓа ја платија забавата, па сите пари одат кај Марко и Миња.
Вели дека свадбата била многу весела и дека сите наизменично им давале пари на музичарите.
– Што се однесува до бакшишот, сите тогаш се отвораме! На музичарите им дававме по 50 евра за секоја песна. Кутијата на музичарите им беше полна со пари, а клавијатуристот дури и не можеше да свири поради парите кои ги ставаа на неговиот инструмент. Одлична атмосфера направија Зорица и Кемиш а малдите ги почастија со по 100 евра.


