НАЈДОБРА ВЕЖБА ЗА МОЗОКОТ е решавањето крстозбори!

За мозокот да не ви стане мрзелив, потребно е постојано да се вежба, му требаат постојани стимулации и нови задачи бидејќи рутината ја „убива“ виталноста на мозочните функции. Тие стимулации може да бидат нешто сосема едноставно. На пример, деснак да се потпише со лева рака или да ги закопча копчињата на кошулата со левата рака. Има цела низа вакви задачи за фитнес на мозокот и важно е да го избереме и вежбаме она што најмногу ни се допаѓа – од решавање крстозбори, ребуси и судоку, до учење нови знаења, јазици, играње шах, бриџ…

Дневните крстозбори и сличните енигматични занимации му помагаат на мозокот да ја одржи концентрацијата. Како што старее мозокот, станува сè потешко да се одделат информациите од различните „сензори“, така што, на пример, бучавата во позадина им оневозможува на постарите лица да се фокусираат на она што го гледаат. За време на истражувањето на Универзитетот Вејк Форест, 23 волонтери поминувале по еден час дневно решавајќи крстозбори и други логички вежби, а скенирањето на протокот на крв во мозокот покажало дека секој ден тие се подобро се концентрираат на задачите.

Првите вистински крстозбори се појавиле пред повеќе од 100 години во американските весници. Како што растела нивната популарност, тие се ширеле низ целиот свет и добивале различни форми: класични крстозбори, италијански, швајцарски, крстозбори со букви, а меѓу најшироките кругови на решавачи, скандинавските крстозбори се исклучително популарни.

Најчитани вести