После 10 дена детална потрага по Данка Илиќ (2) од Бор, во четвртокот наутро стигна грозоморната вест дека девојчето е убиено, а сите надежи дека ќе биде пронајдена жива и здрава засекогаш згаснаа. Работниците на „Водовод“ Срѓан Јанковиќ (50) од село Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од село Злот признале дека девојчето го убиле со автомобил, а потоа телото го фрлиле на депонија. Сепак, две клучни работи остануваат мистерија – каде и како е скриено телото на Данка и како била убиена.
Полицијата и денеска продолжува со детална потрага по телото на убиеното дете, а осомничените во полиција изјавиле дека два дена по убиството го ископале телото и го закопале на друго место.
Потсетуваме, истрагата утврди дека се се случило на 26 март околу 13 часот и 52 минути, односно само седум минути откако исчезна девојчето, според пријавата на мајката.
Не може да се дојде до сопатникот, да каже каде го префрлил телото од депонијата. Нашата последна верзија е дека направил нешто грозно со тоа тело“, изјави денеска шефот на УКП, Нинослав Цмолиќ, коментирајќи ја потрагата по телото на убиената Данка Илиќ.
Полицијата го затворила патот кај селото Брестовац, а на лице место се форензичари кои веќе имаат обележано одредени места.
Се пребаруваат вреќи со цемент покрај патот, а нешто по 15:00 часот пристигна уште едно возило со ротација. Возилото на форензиката потоа било препаркирано за да може полицијата да застане на тоа место, а сите картонски вреќи кои ги пребарале биле префрлени во тоа возило.
Според известувачот на „Блиц“, потрагата по телото продолжила во шумата кај бањско поле.
Шест-седум багери копаат надолу, затоа што таму има фрлено куп смет, а подолу е потокот.
Целата механизација, како и полициските патроли се повлечени од депонијата каде се трага по телото на Данка Илиќ. Во текот на денот, на горната и долната страна, силни полициски сили го обезбедуваа овој дел од патот.
Родителите на убиената Данка Илиќ дојдоа пред малку на местото каде граѓаните и оддаваат почит на нивната ќерка и запалија свеќи.


