Најнови вести за убиството на Данка Илиќ: Тројца полицајци се упатиле кон Злот, полицијата ги блокирала гробиштата

Во текот на вчерашниот ден беа прегледани и нови локации: грмушките околу мочуриштето кое се наоѓа во село Злот, недалеку од имотот на Дејан Драгијевиќ, првоосомничен за убиството на девојчето, резервоарот во пиланата на истиот имот, како и целата пилана. Меѓутоа и понатаму нема трага од девојчето.

Мајката на Дејан Драгијевиќ откри што се случувало во нејзиниот дом.

-Нема кој да ми помогне, ниту знам кога ќе го закопаат мојот син, ниту дали утре ќе ги донесат Дејан и Раде. Немам пари, а нема кој да ми помогне, чекам да ме извести полицијата – изјави Светлана.

Далибор Драгијевиќ (40), кој пред два дена почина во полиција, ќе биде погребан утре, а како што пишува „Телеграф“ за него нема жална вест во село Злот.

Блокирани се гробиштата во селото Злот, каде утре ќе биде погребан Далибор Драгијевиќ, кој пред два дена почина во полиција беше осомничен дека го преместил телото на Данка Илиќ, пишува „Телеграф“.

Неколку инспектори денеска престојувале во семејната куќа на Драгијевиќ во Злот, каде разговарале со Светлана Драгијевиќ.

Инспекторите го напуштиле објектот носејќи вреќи со докази, пишува „Новости“.

На лице место во Злот се пожарникари и цистерна, како и тројца болничари кои дошле во селото.

На лице место се и полицајци во цивилна облека кои се наоѓаат кај мајката на осомничениот Дејан Драгијевиќ.