Најпопуларната дестинација во светот за 2022 година: „Модерен град кој има сè“

„Трип Адвајзор“ ја објави листата на 10-те најпопуларни дестинации во светот за оваа година, а на прво место е градот кој последниве години привлекува се поголемо внимание кај туристите.

Платформата за патување ги објави топ дестинациите што патниците ги избрале како најпопуларни за 2022 година.

На прво место е Дубаи, а како што велат од „Трип Адвајзор“, рибарското село од 20 век, кое процвета во 21 век и прерасна во ексклузивно место за патување, е најпопуларната дестинација во светот за оваа година.

Дубаи не е единствената азиска дестинација на листата, а може да се забележи дека доминираат европските градови, како и тропските и пустинските места.

Зошто Дубаи?

„Дубаи е модерен град со сè: прекрасни плажи, ресторани од светска класа и прекрасни хотели. Бидејќи изборот на најпопуларните дестинации за патување е направен според прегледите на местата за идни посети, престој и работи што треба да се прават таму, па според тоа и се избираат најдобро рангираните, ова значи дека дестинацијата добила одлични критики од патниците во сите туристички сектори“, рече Џастин Рид, од платформата.

„И покрај ефектите од пандемијата, Дубаи продолжува да ги привлекува посетителите од целиот свет и се истакнал како омилена дестинација за патниците кои сакаат малку возбуда“, додаде тој.

Како изгледа списокот?

  1. Дубаи (ОАЕ)
  2. Лондон (Велика Британија)
  3. Канкун (Мексико)
  4. Бали (Индонезија)
  5. Крит (Грција)
  6. Рим (Италија)
  7. Кабо Сан Лукас (Мексико)
  8. Истанбул (Турција)
  9. Париз (Франција)
  10. Хургада (Египет)
]]>

Најчитани вести