Напаѓачот на Шекеринска се изјасни за виновен

На денешното судско рочиште обвинетиот Панче Ангелов изјави дека се чувствува виновен за кривичното дело напад на пратеничката Радмила Шекеринска, во Собранието на 27 април 2017 година.

Тој ја повлече за коса Шекеринска, откако беше удрена со метален статив по главата.

Во обвинението се истакнува дека Ангелов бил во првата група која влегла во Собранието и заедно со најсилните и најнасилните луѓе се упатил директно во прес салата на Собранието. Прво упатил закани кон лидерот на СДСМ, Зоран Заев, потоа ја нападнал Шекеринска, а фрлил и шише кон други пратеници.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести