Побрзо од класичните колачи, полесно од која било торта – оваа торта со кафе е десерт што може да се подготви за 10 минути и ќе го воодушеви секој љубител на кафе.
Без јајца, без желатин, без печење – само неколку основни состојки и чиста магија.
Состојки:
4 лажици инстант кафе
20 мл млеко
3 лажици кондензирано млеко
400 мл слатка павлака
За глазура:
2 лажици инстант кафе
2 лажици шеќер
2 лажици топла вода

Подготовка:
Во мал сад измешајте 4 лажици инстант кафе со 20 мл млеко и 3 лажици кондензирано млеко.
Добро измешајте за да се раствори кафето и да се добие ароматична основа. Во сад матете 400 мл шлаг додека не стане цврст. На крај, измешајте сè и истурете го во калап.
Оставете во замрзнувач неколку часа
Во друг сад, растворете 2 лажици инстант кафе и 2 лажици шеќер во 2 лажици топла вода, а потоа матете додека не добиете пена
Прелијте го колачот што го извадивте од замрзнувач и вратете го накратко за повторно да се стврдне пред сервирање.


