Наумовски: 60% од трговијата на Македонија е со ЕУ, 65% од сите странски инвестиции се од ЕУ

Професорот и економски аналитичар, Синиша Наумовски во Студиото на Слободен печат објасни колку во економска смисла е важна ЕУ за Македонија и нејзините граѓани.

Според него, поддршката што Македонија ја добива од ЕУ, како и економската соработка се столбот на македонската економија, а придобивките ќе стануваат уште поголеми и позабележливи откако Македонија ќе стане земја членка на ЕУ.

Од вкупната тргови, 60 осто е со ЕУ а најмногу 45 посто е со Германија. Близу 78% од вкупниот извоз е во ЕУ, а 65 отсто од сите странски директни инвестиици се од земји членки на ЕУ. Со овој планза забрзан раст  се отвора пазарот на ЕУ, но и се зголемува поддршката од ЕУ. ЕБОР веќе финансира 36 милиони евра во соработка со Макеоднската развојна банка од кои најголем дел се грантови а ЕИБ инвестира 100 милиони евра, пари во најава за инвестиции во зелена економија и обновливи извори на енергија“ заклучи Наумовски.

Најнови вести

Најново од Економија