Суво и топло лето и тоа како и одговара на бананата!
– Мислам дека ние сме единствените што одгледувавме банани дома! – вели Иван Томиќ.

– Ја имаме веќе неколку години и успешно ја размножуваме, споделувајќи садници преку Интернет. Така ги добив расадот и тогаш не очекував дека толку ќе порасне и ќе има плод, бидејќи ја засадивме заради убавината на нејзините лисја и да ја украсиме нашата градина. Сега имаме ситни плодови, кои се надевам дека ќе успеат да созреат ако има повеќе сонце и топлина – додава тој.

Бананата е зелјесто растение со голема надземна маса, па затоа и треба многу вода за да преживее во сушните летни месеци.
– За да може да расне и требаат минимум 40 литри вода дневно, 20 литри наутро и 20 литри навечер, но нема да згрешите ако и додадете повеќе, бидејќи таа сака вода! Потребна и е многу светлина, а тука е изложена на сончева светлина во текот на целиот ден. Цветаше, пчелите направија опрашување и сега на едно растение се формираа повеќе од 50 плодови – вели Томиќ.
Ова растение за Иван било експеримент, но се покажало дека е исклучително благодарно за наши услови за растење. Освен банани, одгледува урми, лимони, калинки, смокви…

– Лимонот овде е веќе припитомен, мора редовно да се храни и полева, сака дождовни црви. Во текот на зимата, треба да се стави во топла просторија со многу светлина. Со години дава плод, а тоа се квалитетни и крупни плодови, кои се органски, без употреба на хемикалии – истакнува Иван за Информер.рс.


