Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, радикално го променил својот имиџ. Тој ја скратил косата на „кец“, па со капа на глава го следеше натпреварот на Баерн.
Сепак не му успеа. Еден од фановите побарал да се фотографира со него, а во тој момент Мурињо немал капа, па фотографијата се прошири на социјалните мрежи.
На прашањето зошто Мурињо се одлучил за ваква фризура, тој одговори дека заспал додека бил на фризер. Кога се разбудил, видел што направил неговиот стилист, па му рекол да му ја скрати цела.
Неговиот нов имиџ многумина ги потсети на 2014 година кога Мурињо се шегуваше со Пеп Гвардиола заради косата.
-Ако уживаш во тоа што го правипш, тогаш нема да ти паѓа косата од стрес. Пеп е ќелав, значи не ужива во фудбалот – провоцираше тогаш Мурињо.
]]>


