Недостатокот на витамин Д е поврзан со низа здравствени проблеми

Витаминот Д најзаслужен е за зајакнување на имунолошкиот систем а се поврзува и со здравјето на коските, забите и мускулите, помага во спречување и лекување на неколку здравствени состојби како висок крвен притисок, дијабетес, инфекции, кардиоваскуларни болести, мултиплекс склероза.

Најголем процент на витамин Д се создава кога сме изложени на сонце, кога нашата кожа го апсорбира од сончевите зраци. Но исто така може да се земе и преку внесување храна со висока концентрација на витамин Д и преку суплементи.

Недостатокот може да се манифестира со чувство на замор, чести болести и инфекции, болки и кршливост на коските, депресија, вознемиреност и потешкотии во заздравувањето на раните. Доколку почувствувате некои од овие симптоми време е да размислите да го тестирате нивото на витамин Д во вашиот организам. Со цел превенција на здравствените последици предизвикани од недостаток на овој витамин се препорачува редовно следење со анализа на крвта.

Според истражувањата, 40 до 50 отсто од светската популација има проблем со недостаток на витамин Д во организмот. Не бидете дел од овој процент, добијте точна слика за тоа колку вашиот организам е снабден со витамин Д и спречете го развојот на многу несакани здравствени состојби.

Најчитани вести