Нема притвор ниту за Исмет Гури, осомничен во „Титаник“ на СЈО

Не е прифатено барањето за притвор на Исмет Гури, член на Општинската изборна комисија во Чаир, осомничен во акцијата „Титаник“ на СЈО, соопшти предмалку Кривичниот суд од Скопје.

 

„Пред судија на претходна постапка, а по претходен договор со обвинителот од Обвинителството за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникации, денеска беше сослушано лицето И.Г. за кого беше поднесен предлог за определување мерка притвор. По негово сослушување во присуство на полномошник, судија на претходна постапка од одделот за Кривично полнолетни донесе одлука со која се одбива предлогот за определување мерка притвор и му определи Мерка за претпазливост од член 146 ст. ст.1 т. 6 од ЗКП односно Забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица.

Лицето против кое е определен мерката како и обвинителството кое ја преддложи мерката, имаат рок за жалба до овој суд во рок од 24 часа“, стои во соопштението на Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

 

Фото – ТВ21

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести