Мои далечни роднини од Гетеборг, Шведска, читале на интернет за шарената револуција, се загрижиле и побарале, како ми велат, што по ѓаволите се случува со мене, прашуваат дали сум станал терорист
Одлучив, од пркос, да ги ставам во текст, да им објаснам што по ѓаволите правам и дали сум станал терорист и во неколку збора да ја објаснам десетгодишната Сеопшта историја на бесчестието. Треба уште да напишам дека дестгодишната приказна се одмотува како тоалетна хартија низ македонската „падина“.
Приказната оди вака. Не’ киднапира еден патолошки човек, во желба, како што рече Маркс, „Се’ тече, се’ се менува“, па фати и’ ја откорна Македонија од темел. Се обиде да ја менува. Ги купи сите третолигашки новинари, овие пак, за само десет години ги купија сите медиумски куќи претворајќи ги во фабричко-партиски гласила, па сега, кога материјално се обезбеди, Груевски се нурна во лична, односно духовна надградба. Час антидепресиви, час книги. Во последните денови и месеци од неговата политичка кариера, бившиот ни премиер, човекот што не’ киднапира, слуша опера. Додека неговите олигарси, примитивци, уживаат во народњаци, војсководецот на фашистичката новинарска перјаница ужива во опера. Ех, кога сите „негови“ би биле наклонети кон убава уметност; ех, кога би биле така космополитски настроени! Кога веќе не’ испљачка, упропасти и темелно осиромаши, човекот се префрли на апчиња и опера.
Кратка проза за Груевски секако би нашла свое место во проширената, одново испишана Сеопшта историја на бесчестието во Македонија. Заврши неговата амбиција за рушење, тендери, бизниси, гушење на разни слободи, Груевски се префрла на читање. Како да неговата глупост, здружена со неговата амбиција не беше доволно страшна, па сатрапот на тоа додава и „наобразба“ која е, како и неговиот вредносно-политички именител, криминална.
На крајот, после се’, Груевски станува љубител на класична музика. Додека неговите олигарси, примитивци, уживаат во народњаци, војсководецот на фашистичката новинарска перјаница ужива во опера. Ех, кога сите „негови“ би биле наклонети кон убава уметност, ех, кога би биле така космополитски настроени! Кога веќе не’ испљачка, упропасти и темелно осиромаши, човекот се префрли на апчиња и опера. Во интервју за пропагандниот Курир, објаснува како ја удостоил Берлинската опера. Восхитен од древниот германски град, деперсонализиран од седативи се идентификува со Кенеди и неговите зборови: Ich bin ein Berliner. Ех, кога сите „негови“ би биле наклонети кон убава уметност. Гледате? Тој не е само Берлинец, туку е и Виенец. Во Виена се наоѓа еден од неговите бројни станови. Наводно има убав поглед према Бечката државна опера, така што во ноќите на „голема несоница“, кога ќе го обземе интелектуален немир, Никола има визуелен контакт со храмот на уметноста во кој фатално се вљубува, предавајќи му се целиот.
Ако некој ја втемели Операта во Македонија, тоа ќе биде Никола Груевски. Нема да пројде долго време, распеаниот мафијаш, а тоа ќе биде едно божиќно утро, пред зградата на Собранието ќе ги доведе најголемите берлински пеачи да ја изведат неговата најомилена опера, Скопски Фауст, на тоа ќе му помогнат некои од домашните книжевници. Заплетот е предвидлив: провинцискиот мафијаш склопува фаустовски договор, станува повторно богат и славен. Го стига совеста, па се бори договорот да го раскине. Во Груевистичка верзија, тоа оди вака: станува премиер на Република Македонија, па повторно го раскинува, создава повторно богатство и слава.
Паѓаат првите снегулки; зимата ја стега земјата, а душата пред убивата се топи. На се’ тоа, па дури и за возвишените мелодии им доаѓа крај.
Ете, тоа е култура, за тоа ви зборувам, триумфално извикува Груевски, додека уредниците се тркаат кој прв ќе му стегне рака која ги храни, кој на газдата ќе му упати поимпресивен комплимент. Сјајно! Феноменално! Убедливо! Шармантно! Генијално!, урлаат уредниците како чајник на шпорет во колибата на управникот на логорот.
Не сте вие, шефе, за овој наш примитивизам. Вие сте за Берлин, за Виена. За Сиднеј, вика некој од позадина. Сиднеј, се лупна по чело Груевски, и веќе следниот ден лета за Австралија, затоа што сака опера, а да не’ ја посети онаа сиднејска, тоа е исто како да створите материјална база, а да не’ ја оплемените со духовна надградба.
На кратката прозна приказна и се ближи крајот. Само уште еден мал детаљ.
Во првобитна акомулација на капиталот, што е, јасно, еуфемизам за сеопшта пљачка, да се обогатиш во денешно време значи дека мора да си близок со фашистичкиот режим на груевизмот. Денешните фашисти, стратешки распоредени, истакнуваат како се збогатиле заради тоа што биле способни. Огромна лага: се збогатија затоа што беа привилегирани. Оттука и нивниот презир према идејата за еднаквост – затоа што на нееднаквоста и должат се’ што имаат. Идеологијата на груевистичкиот режим денес не е национализмот, ниту верскиот фанатизам, туку македонска верзија на неолиберализам, приказната за успешните. Власта помалу-повеќе е одлучна, декларативно, јасно, дека фашизмот треба да се осуди. Усвојуваат во Собранието планини од проекти, закони и одредби во кои Македонија треба да ја направат толерантно општество за граѓани. Владеачката фашистичка класа „мирно“ се трансформира во успешни европејци. Се’ променија за се’ да остане исто. Нивниот неолиберален социјален дарвинизам во основа е – фашизам. Од идејата дека животот е такмичење произлегува идејата дека победникот зема се’. Позади тоа, пак, излегува дека вишокот треба да се исчисти, што значи губитникот нема да земе ништо. Губитникот е вишок. Тоа понекогаш се нарекува кратење на трошоци, понекогаш отпуштање на вишок на работна снага, а понекогаш – етничко, верско, расно чистење.
Ако ги величиш способните, тоа значи дека ги величиш расните, националните или културно супериорните. Затоа дестгодишниот терор на груевизмот и приказните за „мнозинството“ над „малцинството“ природно и спонтано се трансформираа во успех на способните и супериорните. Груевистичката фашистичка идеологија е продолжеток на фашизам со „други сретства“. Денешната елита е родена во фашистичко опкружување на почетокот од создавањето на балканските национални држави. Фашизмот, во оваа или онаа форма, е нивно природно опкружување. За одржување на фашизмот потребни им се партнери, граѓани кои тие ги опљачкаа – затоа се работи за совршено злосторство.
Сакам да кажам дека транзицијата е последната низа од воени злосторства. Влегувањето на Македонија во Европската унија ќе биде чин така што пљачката и криминалот конечно ќе биде легализиран, а злосторниците амнестирани. Влегувањето на Македонија во Европската унија значи дека се подвлекува црта. Демократизација на овдешните општества и членство во ЕУ примарен е интерес на нашите фашистички лопови: ништо нив нема така добро да ги чува како демократијата. Институции кои чуваат капитал на крупните и крвавите ќе ги чува и нивниот капитал – многу подобро отколку што тие би можеле да смислат и изградат систем.
И Француската буржоаска револуција, на која почива цела денешна Европа, па дури и народноослободителната борба, која воедно беше и класен бунт, беше една врста на Цивилизациски исчекор. Во двата случаи сиромашните го растурија системот кој ги опљачка.
Дали пак, сега, Шарената револуција од мене прави терориста?! Гетеборг, ало, јави се!
Пишува: Ненад Јовановиќ,
граѓански активист


