Николовски: За првпат ќе има македонски национален штанд на саем во САД

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски на синоќешното гостување на ТВ Сител изјави дека за прв пат ќе има македонски национален штанд на саем во САД.

-Единствени од регионот со Италија и Шпанија учествуваме на саемот Bellavita Chicago. За прв пат имаме македонски национален штанд на саем во Америка. Очекуваме дирекни средби со дистрибутери и потпишување на договори за извоз на македонското вино во САД – рече Николовски.

Тој се осврна и на проектот „Здрав оброк за секое дете“, за кој вели дека преку овој проект се поддржува откупот на домашните земјоделски производи, обезбедувајќи здрава и свежа ужинка за децата.

– Вкупно 38000 деца од сите градинки во државата еднаш неделно, во наредните пет месеци, ќе добиваат килограм свежо македонско овошје, јаболка, кајсија, праска, слива и круша од реколтата 2023.

Имаме многу убави и квалитетни земјоделски производи одгледани од вредните раце на нашите земјоделци.

Дечињата ги учиме да се хранат здраво, но и да стекнат навика, паметејќи го вкусот, да јадат домашни земјоделски производи, рече Николовски.

Извор: Агротим.мк

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести