Ништо од свадбата: Рада Манојловиќ раскина со своето момче

Српската пејачка Радмила Манојловиќ раскина со своето момче Владимир Ранковиќ. Иако многумина веруваа дека Рада наскоро ќе застане на лудиот камен, сепак тоа не се случи.

Пејачката повеќе од една година уживаше во врска со Владо, кој освен што и беше емотивен партнер, и беше и возач, пренесува Телеграф.рс.

Владимир учествуваше во последниот албум на пејачката. Текстот за песната „Нисам дрогирана“ го напиша покојната Марина Туцаковиќ која е заслужна за многу безвременски хитови, а другиот дел од текстот го напишал Владимир.

– Владо е многу фино момче, Рада и тој одлично се согласуваа, но очигледно имаше презаситеност. Прво беа колеги, па пријатели, а потоа се роди љубов. Никогаш јавно не призна дека е во врска со него, но не ни негираше кога беше обелоденета нивната љубов, не можеа да ги сокријат емоциите – изјавил за Информер извор близок до нив и додал …

– Немаше никакво неверство, немаше лоша крв, нормално се разделија. Рада е тежок професионалец, нејзината работа бара многу енергија, а Владо сакаше некои други работи, ја немаа истата визија за иднината. Најтешко и е кога нема целосна слобода, тоа е она што не може да го поднесе – додал изворот.

Рада Манојловиќ имаше неколку неуспешни врски, па често се шегува за себе кога е љубовта во прашање. Пејачката немаше многу партнери, но со секој се забавуваше долго време и беше на чекор до брак.

Најчитани вести