Македонската машка ракометна репрезентација до 20 години ја продолжи серијата порази на Европското младинско првенство, откако попладнево во Клуж загуби на стартот од разигрувањето против Австрија со 28-24.
За македонските ракометари ова беше четврти пораз на Европското првенство кое се одржува во Романија, но трите порази во групната фаза од Норвешка, Хрватска и Данска.
Избраниците на селектор Игор Илиевски добро го почнаа натпреварот против Австрија и имаа предност од највисоки +2 (6-4), но Австријците со гол во последниот напад заминаа на полувреме со водство од 15-14.
На стартот од вториот дел, Австрија ја зголеми предноста (18-15), а македонските ракометари одговорија со два гола во серија.
Сепак, од тој момент иследи пад во играта на македонските ракометари што Австрија го искористи и со серија од 4-0 дојде до водство од 24-18 кое го зачува до самиот крај.
Следен противник на македонската репрезентација ќе биде Летонија, утре со почеток во 11 часот.
МИА


