Нов скандал на Меган Маркл! Го прекрши ветувањето кон кралицата – дури и нејзините пријатели креваат раце (ФОТО)

Меган Маркл повторно предизвика гнев кај јавноста, бидејќи продолжува да ја користи кралската титула, а нејзината поранешна пријателка откри некои од намерите на актерката.

Поранешната пријателка на Меган Маркл, водителката Лизи Канди, повторно упати остри критики кон војвотката од Сасекс. Откако минатата година присуствуваа на добротворна вечера во Детската болница во Лос Анџелес, Канди тврдеше дека Меган била таму само за фотосесијата. Денес, Лизи тврди дека нејзиното однесување дополнително се влошило, пишува Дејли Меил.

– Меган очајно сака да биде сакана, да има моќ и да го надмине кралското семејство во сè. За жал за неа, шармот и симпатичноста не можат да се купат, а тоа сериозно ѝ недостасува – изјави Лизи (56) на доделувањето на наградите DIVA во Лондон.

Таа го додала  и своето мислење  за принцот Хари: – Изгледа длабоко несреќно. Мислам дека му недостига семејството и, секако, е загрижен за здравјето на својот татко – додала Лиз.

Меган Маркл повторно ја користи кралската титула

Иако Меган и Хари се согласија во 2020 година, откако се повлекоа од кралските должности, повеќе да не ги користат своите титули Неговото/Нејзиното Кралско Височество (НВВ) за комерцијални цели, Меган повторно предизвика јавно негодување овие денови.

Имено, на картичката прикачена на корпата со подарок испратена до пријателката Џејми Керн-Лима, била пронајдена ознаката „НВВ, Војвотката од Сасекс“. Корпата со подарок, во која беа вклучени домашниот џем од јагоди на Меган, две тегли органски сладолед Штраус, цвеќиња и нане, се појави во емисијата на Џејми и брзо предизвика бура на мрежата.

Кралските обожаватели реагирале бесно, коментирајќи: „Мислевме дека повеќе не им е дозволено да ја користат титулата на Неговото Кралско Височество?“ и „Кралицата јасно стави до знаење дека тоа не е дозволено!“

Покрај приватниот подарок, овој гест индиректно ја промовираше и новата линија на производи на Меган „As Ever“, како и новата епизода од нејзиниот подкаст.

Најчитани вести