Новата песна на Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ крие мистериозна порака која ја замрзнува крвта – значењето е длабоко и моќно

Корисниците на Интернет со денови шпекулираат за значењето на „Демони“, а сега мистеријата конечно е решена.

Дуетската песна „Демони“ со потпис на Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ не само што ја освои трендинг листата и за рекордно време собра повеќе од милион прегледи, туку предизвика и бура од коментари на социјалните мрежи поради мистериозниот почеток.

На самиот вовед на песната се слуша арапски стих кој на многумина им звучел како молитва или старо пророштво.

Корисниците на интернет со денови шпекулираа за неговото значење, а сега мистеријата конечно е решена. Зборовите што се слушаат се: “Yamdi al-laylu wa yaddi an-nār yā nurḥimnā wa yāmanā.”

Во превод: „Ноќта се протега, пламенот се шири – о, ти што не галиш, ти што си наша сигурност “.

Овој речиси духовен вовед носи силна симболика и ја навестува длабоката емотивна приказна на песната, борбата со внатрешните демони, со себе и со сопствените чувства.

Многумина го толкуваат како крик за спас и засолниште во моменти на темнина, што дополнително ја зголемува емоционалната моќ на оваа нумера.

Обожавателите се прашуваат дали Марија и Јована отворија дел од своите најдлабоки чувства со овој уметнички детал или во прашање е универзална порака за човечката потреба за љубов и прифаќање, дури и кога не прогонуваат сопствените демони.

Стандардите ги подигна и спотот за песната, според извор близок до продукцијата, во реализацијата биле вложени дури 80.000 евра, а снимањето било организирано како да се два сосема одвоени проекти – со двајца режисери, две екипи и двајца директори на фотографија.

„Демони“ е, без сомнение, повеќе од музички хит – стана уметнички настан што ја погоди публиката право во срцето, објави Информер.

Најчитани вести